Северна Кореја

Јужна Кореја и САД истрелаа проектили како одговор на Пјонгјанг

05.10.2022 09:53

Јужнокорејската и американската војска спроведоа ракетни вежби при што истрелаа неколку ракети со краток дострел во морето како одговор на севернокорејското лансирање балистичка ракета над Јапонија...

Јужнокорејската и американската војска спроведоа ракетни вежби при што истрелаа неколку ракети со краток дострел во морето како одговор на севернокорејското лансирање балистичка ракета над Јапонија.

Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата „хјунму-2“ паднала набргу по лансирањето.

Тоа предизвикало пожар од запаленото ракетно гориво, но нема повредени.