Русија

Шојгу: Ангажирани се повеќе од 200.000 резервисти

05.10.2022 09:53

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека руската војска ангажирала повеќе од 200.000 резервисти во рамки на делумната мобилизација, која почна пред две недели...

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека руската војска ангажирала повеќе од 200.000 резервисти во рамки на делумната мобилизација, која почна пред две недели.

Според Шојгу резервистите минале обука на 80 воени полигони пред да бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина, каде што руските сили во некои области се во повлекување.

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21-ти септември за да ги зајакне силите кои војуваат во Украина. Одлуката предизвика протести во Русија и поттикна илјадници луѓе да избегаат од Русија.