Митинг ВМРО-ДПМНЕ Општина Бутел

23.04.2014 12:22

Слушнавме многу анкети и различни резултати, но на 13-ти април ја имавме најверодостојната анкета,кога граѓание дадоа многу јасна поддршка за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов,која резултираше со 123 илјади гласа разлика рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НиколаГруевски на митингот во скопската општина Бутел. Вели, СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни, продолжуваат со манипулации и лаги во кој сами се фаќаат.Се виде народот на кого ја дава довербата. Секогаш кога СДСМ е на власт, изборите се регуларни, а кога се во опозиција тие се нерегуларни.

Слушнавме многу анкети и различни резултати, но на 13-ти април ја имавме најверодостојната анкета,кога граѓание дадоа многу јасна поддршка за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов,која резултираше со 123 илјади гласа разлика рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НиколаГруевски на митингот во скопската општина Бутел. Вели, СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни, продолжуваат со манипулации и лаги во кој сами се фаќаат.Се виде народот на кого ја дава довербата. Секогаш кога СДСМ е на власт, изборите се регуларни, а кога се во опозиција тие се нерегуларни. И  сега најавуваат, отворено зборуваат дека и овој пат ако не победат ќе ги прогласат за нерегуларни, рече Груевски,пред жителите на општина Бутел.Додаде, СДСМ со толку насобран гнев, само критикува, заборавија да достават до ДИК барем една забелешка или приговор за еветуалние нерегуларности во изборитекои сакаат да ги оспоруваат,доживеаја и ќе доживеат пораз, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Толку им е паметот, толку е насобран тој гнев, толку е нервозата насобрана што забораваат и лагите да ги поткрепат со алиби.Вели,тоа се очајнички чекори на очајни луѓе кои  уште 5 дена ќе викаат,ќе монтираат, ќе се силат и ќе вадат фалсификати и по 27-ми кога ќе видат дека не можат да го изманипулираат народот,ќе почнат меѓу себе да се обвинуваат и кодошат, аболицираниот Заев по изборите ќе пропадне во сопствената кал.

Го гледам аболицираниот криминалец кој деновиве се обидува мене и ВМРО-ДПМНЕ да не претстави како криминалци, да не оцрни со фрлање кал врз нас. А не знае дека на 27-ми ќе пропадне во сопствената кал, во калта која ја носи со себе.Реков и повторно ќе кажам, тоа се очајнички чекори на очајни луѓе кои ќе ги слушаме уште 5 дена како ќе викаат, монтираат, ќе се силат и ќе вадат фалсификати и на 27-ми кога ќе видат дека не можат да го изманипулираат народот кој има искуство и сите не познава и не одмерил кои сме и што сме, ама и нив ги одмерил во минатото, кога ќе го видат судот на народот, од 28-ми ќе се зграпчат меѓу себе да се обвинуваат, кодошат и монтираат во СДСМ, нема да може да ги разделиме.- Никола Груевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во првата изборна единица

Груевски  повика на масовна излезеност и двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, победа на Ѓорѓе Иванов за претседател и победа со 62 места во парламентот.

Шилегов првиот пораз од мене го доживеа во судница, в недела ќе биде поразен од граѓаните , рече на митингот во општината Бутел,носителот на листата во втората изборна единица – Гордана Јанкулоска. Посочи дека на едната страна е работата,делата, отчетот,  а од другата страна, кај СДСМ, навреди клевети и манипулации.Вели, горда сум на вас , затоа што ја препознавте разликата, знаете да наградие, но и да казните. Вие во општина Бутел знаете што е најдобро за себе и за Македонија.Посочи дека в недела ќе се одлучува дали ќе гласате за проекти или клевети и лажни ветувања. Дали  ќе гласате за 64.000 вработувања или за заканите на Заев за бркање од работа.Викнете ги и вашите блиски кои можеби се двоумеле за кого да гласаат, да ја поддржат новата програма, рече Јанкулоска.

-Ни треба поддршката за да не се пазариме и да не преговараме за она што знаеме дека е во интерес за Македонија. Да им помогнеме на оние кои не гласаа за другата опција. Да им помогнеме затоа што нив ги лажат, ги манипулираат и им се закануваат. Кога ќе застанат зад параванот, тие се сами. Луѓето ја прават разлика. Секој глас даден за оние за кои се знае дека нема да победат, е загубен глас. Тоа е можеби гласот за 62 пратеници во македонското Собрание. - Гордана Јанкулоска - носитело на листата во втората изборна единица од ВМРО-ДПМЕ и коалицијат „За подобра Македонија“

Повикувајќи на масовна излезеност на изборите, претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, пред жителите на општината Бутел нагласи, недела е денот кога ќе ја имаме  демократијата на дело, кога  вашиот глас одлучува каква Македонија ќе имаме и  како ќе продолжиме со реформите, со промените, како ќе продолжиме да ја градиме економски, силна, просперитетна европска Македонија. Граѓаните ќе кажат кој ќе управува со државата. Кој ќе ја претставува државата.

 -На 27 април имаме навистина исклучителни избори. Имаме избори кога од вашиот глас зависи, каква Македонија ќе градиме. Од вашиот глас зависи дали ќе продолжиме со реформите, дали ќе продолжиме со економскиот успех на Македонија, дали ќе продолжиме со успех на секој поединец во оваа држава. Затоа овие избори се важни избори. Ве повикувам да излезете масовно да гласате на 27 април. Затоа што секој ваш глас, за мене, за ВМРО-ДПМНЕ , за Коалицијата за подобра Македонија е глас са вас, за вашите семејства, за вашите општини, глас за Македонија. - Ѓорѓе Иванов кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Словенечкиот европратеник Милан Звер вечерва пред жителите на Бутел ја искажа својата силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов.Вие сте, рече среќна нација зашто последните години направивте многу успешен развој, транзиција во демократијата, економијата и политичкиот живот. По 2006 година вие сте среќна нација што направивте реформи и го заслужувате членството. Среќни сте што имате власт која одговорно се однесува кон историјата и иднината, рече Звер. Најважно според него е фактот што претседателот на Република Македонија и претседателот на Владата се држат заедно, што е вели гаранција за политичката стабилност на Македонија.Изрази надеждека земјава  ќе станете полноправна членка на ЕУ, затоа што не може некоја земја поради еден проблем да ги блокира граѓаните на Македонија кои ги делат вредностите со цела Европа.

На митингот говореше и Јохан Тарчулоскикој нагласи дека кога ти е најтешко и си во мака се гледа кој е кој. Во најтешките моменти за мене , само Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа зад мене .

ВМРО-ДПМНЕ и коализијата за Подобра Македонија одржаа митинг и во општината Шуто-оризари, каде беше промовирана новата програма.

Наташа Гркова –Петрушевска