Енергетска криза

Топланите под закуп до крајот на грејната сезона

05.10.2022 10:46

Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

Владата и „Адора“ се договорија, топланите  за парно греење одат под закуп до крајот на грејната сезона. Со нив ќе работи АД ЕСМ.

Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

„Постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се решаваат во следниот период“, соопштуваат од  ЕСМ.