Одбрана

Петровска на средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

05.10.2022 12:19

Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е на највисоко ниво. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Петровска се заблагодари за досегашната британска поддршка во однос на обуката на нашата НАТО единица, за донациите во опрема како и за долгорочната советодавна помош во развојот на одбранбените и армиските капацитети.

Амбасадорот Лосон порача дека Велика Британија останува посветена на соработката со Северна Македонија и развојот на армиските капацитети, соопштуваат од ресорот одбрана.