Собрание

Продолжува расправата за кандидатурата на Јовески за уставен судија

05.10.2022 12:29

Власта бара конструктивност од опозицијата, којашто ја обвинува за блокирање на постапката. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, причина за одолговлекувањето е мнозинството.

Во Собранието, маратонска комисиска расправа за кандидатурата за уставен судија на актуелниот републички обвинител, Љубомир Јовески. Тој е предлог на владејачките партии.

Власта бара конструктивност од опозицијата, којашто ја обвинува за блокирање на постапката. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, причина за одолговлекувањето е мнозинството.

Досега зелено светло добија кандидатите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Шесте кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не поминаа. Сега, работата е запната кај Јовески.