Влада

Заседава Економскиот совет, се очекуваат нови мерки за справување со кризата

05.10.2022 13:05

Во Владата состанок на Економскиот совет. Се очекуваат нови мерки за справување со енергетската криза. Присутни стопанските комори, синдикалци, економисти. Едните бараат дежавна помош, другите ќе делат совети...

Во Владата состанок на Економскиот совет. Се очекуваат нови мерки за справување со енергетската криза. Присутни стопанските комори, синдикалци, економисти. Едните бараат дежавна помош, другите ќе делат совети.

Стопанствениците предупредуваат дека сметките за струја се зголемени и за шест пати и се во многу тешка состојба, која очекуваат да ескалира со отпуштање работници, намалување на производството и клуч на врата во следните два месеци кога ќе се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година.

Од Владата велат дека ја разбираат тешката состојба, но државата сè уште нема договор за снабдување со гас од Србија, нема ниту детали дали земјата ќе добива струја од Бугарија и Турција.

Иако требаше претходната недела, Владата сè уште не излезе со мерките кои треба да им помогнат на фирмите и граѓаните да ја пребродат енергетската криза.