Извршена прелиминарна распределба на социјални станови во Пробиштип
За хумани услови и достоинствен живот-државата инвестира во 850 станови за социјално ранливите граѓани. И покрај енергетската криза, обезбедуваме нови станбени единици-вели министерот Бочварски. Во Пробиштип имаше електронска јавна распределба на социјалната зграда...

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, присуствуваа на прелиминарната јавна распределба на становите во социјалната зграда во Пробиштип. Зградата е со вкупно 48 станови, градена по Програмата за ранливи категории граѓани.
Право на учество на јавниот оглас кој беше распишан преку Министерството за транспорт и врски имаа категории на граѓани кои се од социјален ризик и тоа деца без родители со навршени 18 години, корисници на загарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица од социјално загрозени категории припадници на Ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца.
Министерот Бочварски информираше дека во текот на октомври ќе бидат распишани и јавните повици за распределба на социјалните згради во општините Виница и Свети Николе.
Катерина Топалова
