Велика Британија

Прв говор на Трас како лидер на Ториевците

05.10.2022 14:20

Премиерката на Обединетото Кралство Лиз Трас го одржа својот прв говор како лидер на Конференцијата на Конзервативната партија, бранејќи ги нејзините економски политики и ветувајќи зајакнување во одбраната и границите...

Премиерката на Обединетото Кралство Лиз Трас го одржа својот прв говор како лидер на Конференцијата на Конзервативната партија, бранејќи ги нејзините економски политики и ветувајќи зајакнување во одбраната и границите.

Нејзиниот говор пред Ториевците во Бирмингем го искористи за да објасни зошто смета оти нејзиното премислувањето за економските политики ќе вреди. Таа претходно се откажа од плановите за укинување на највисоката стапка на данок на доход објавена во мини-буџетот на 23-ти септември, по критиките од нејзините пратеници.

Говорот на Трас беше попречен од демонстрантите на Гринпис кои подигнаа транспаренти со натпис – Кој гласаше за ова? Пред да бидат отстранети од обезбедувањето.