Шведска
Нобелова награда за хемија за тројца научници
05.10.2022 14:21
Нобеловата награда за хемија е доделена на тројца научници-Каролин Бертоци, бери Шарплес и Мортен Мелдал...

Нобеловата награда за хемија е доделена на тројца научници-Каролин Бертоци, бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и био-ортогонална хемија“ кои сега придонесуваат во третманите за рак, меѓу останатите други примени-соопшти Кралската шведска академија.
81-годишниот американски научник Шарплес од Институтот Скрипс, по вторпат ја добива оваа престижната награда. Со тоа, станува и петтиот човек на списокот којшто двапати добил нобелова награда.
