Седница на Економскиот совет, се бараат мерки за преживување
Стопанственици, синдикати, експерти. Владата ги слушна предлозите за ублажување на ценовниот шок и кризата. Нема време за чекање, итно да се дејствува-бараат коморите. Платите да се усогласат, работниците трпат удар од кризата-предупредија синдикалците. Со мерките да се заштитат најранливите категории-сугерираат професорите…

Коморите бараат итни мерки за преживување на компаниите, синдикатите очекуваат усогласување на платите со порастот на инфлацијата, економистите сугерираат заштита на најранливите категории. Секој со свој предлог и со свое барање на седницата на владиниот Економски совет. Надлежните го претставуваат пакетот, експертите даваат мислење. Бизнисмените предупредија дека нема време за чекање и оти мора итно да се дејствува.
Сојузот на синдикатите се надева дека власта ќе се држи до ветувањата за усогласување на платите оти работниците трпат стравотен удар од кризата, особено оние со најниски примања. Се бара усогласување на платите.
Економисти оценуваат дека не се доцни со мерките, но оти тие мора бидат таргетирани кон заштита на најранливите од економската криза.
Состанокот треба ги дефинира дополнителните мерки коишто треба да го ублажат ценовниот шок за граѓаните и стопанството.
Викторија Милевска
