Жан Митрев дал гаранција од милион евра дека нема да побегне од државата
Доктор Жан Митрев искеширал милион евра – гаранција дека нема да бега од државава – потврди Скопското обвинителство. Против него е отворена истрага под сомнение за измама на пациенти. Во тек е сослушување на оние што пријавиле дека се измамени...

Со 1 милион евра во кеш доктор Жан Митрев кој e и сопственик на болницатa гарантирал пред Кривичен суд дека нема да избега од државата, информираше шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски. Во август откако беше отворена истрага под сомнение за измама со пациенти лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација на Митрев му беше одземен пасошот според Бубевски, досега се сослушани 80 отсто од пациентите кои пријавиле дека се оштетени а истражна постапка би требало да заврши за два до три месеци. Бубевски брифираше и за кривична пријава против поранешната шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Неодамна бил сослушан поранешниот шеф на финансиската полиција Арафат Муареми. Во наредниот период ќе се испитуваат и пријавените лица, односно обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска.
Во однос на другите предмети кои ги работи обвинителството, за судскиот процес за несреќата кај Ласкарци, обвинителот рече дека супер вештачењето кое го побарал судот го блокира процесот. Тој додаде и дека пред една недела го добиле и предметот за случајот МПМ и сега треба да биде распределен кај обвинител. Најмногу кривични пријави пристигнале за дела против сообраќајот, а забележан е раст на пријави за семејно насилство.
Фиљана Кока
