Македонија

ВМРО-ДПМНЕ му ги предаде контактите на Бектеши

05.10.2022 14:57

Од партијата велат дека договорени се средбите на кои Владата треба да изменаџира за поевтини количини на гас и мазут од западни компании, кои имаат договорено количини со Газпром...

ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите контакти за наоѓање поевтини енергенси на министерот за економија Крешник Бектеши. Од партијата велат дека договорени се средбите на кои Владата треба да изменаџира за поевтини количини на гас и мазут од западни компании, кои имаат договорено количини со Газпром.

Сега на потег е министерот Бектеши да ги контактира од ВМРО-ДПМНЕ посочените фирми и странски трговци за евентуално склучување на договори за набавка на струја и други енергенси.