Без вложувања во кулинарството нема туризам
Врвни мајстори на готвењето од Ју-просторите на идните млади готвачи во Крушево им ги откриваа малите тајни на големите мајстори. Настанот е во организација на Националната асоцијација на готвачи. Професијата е барана, но потребни се вложувања во угостителските училишта, во опрема, наставен кадар и подобра плата, зашто нема да има развој на туризмот. Врвните готвачи се амбасадори на своите земји...

Потребно е вложување во угостителските училишта, во опрема, наставен кадар. Без добра кујна, рекламирање на посебното од поднебјето, нема развој на туризмот. Ова денеска од Крушево го порачаа врвни мајстори на кујната од поранешните ЈУ Републики. На младите идни готвачи им откриваа мали тајни на големите мајстори.
„Во државите многу малку се вложува, а очекуваме врвни готвачи. Училиштата немаат кабинети, немаат добра опрема. Не може ниту да го развиваме туризмот. А секој со својот талент ќе направи одлично јадење“, рече Стево Карапанџа, врвен готвач.
„Туризмот не може без гостопримство, сервис и добра кујна. А за да дојдат туристите во Крушево, треба да се запрашаме што ни треба – затоа е тука интернетот за рекламирање. Затоа сме овде. Со размена на искуства со своите колеги да си помогнеме“, рече Ѓорѓе Костиќ, почесен претседател на Асоцијацијата на готвачи на Србија.
„На младите луѓе мора да им дадеме повеќе едукација. Треба да бидат и платени. Угостителите сме амбасадори на своите земји“, рече Драгица Лукин, врвен слаткар, Хрватска.
Младите потврдуваат дека им треба едукација и да бидат платени.
Во крушевската гимназија 52 ученици во угостителско туристичката струка. Иако барана професија, интересот е мал зашто не се сфаќа значењето на кулинарството. Добредојдени се предавањата од врвните мајстори на кујната.
Елизабета Митреска
