Политика

Во Прага прв состанок на Европската политичка заедница, ќе учествува и Ковачевски

05.10.2022 15:24

Енергетската и економска криза, мирот и безбедноста во контекст на случувањата во Украина и климатските промени ќе бидат теми на дебатите и дискусиите. Предвидени се и билатерални средби.

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на уште 43 земји во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница. Енергетската и економска криза, мирот и безбедноста во контекст на случувањата во Украина и климатските промени ќе бидат теми на дебатите и дискусиите. Предвидени се и билатерални средби.

Одржувањето на состанокот е добра вест, но не е замена за процесот на проширување на Европската унија и пристапувањето на вашата земја, став на евроамбасадорот во Македонија, Гир.

Состанокот ќе придонесе кон заедничко справување со актуелните предизвици, оценува Гир. Целта на платформата е да се соберат лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството, еднаш до два пати годишно.

Марија Котовска