Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија во Сирија
Замрзнати сметките и имотот на 15 мажи кои ја напуштиле државата и се приклучиле кон терористичката организација „Исламска држава“. Станува збор за лица по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга и заминале од земјава во 2014-та и 2015-та година...

Македонската влада за прв пат објави листа со 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и Исламската држава. За нив се одредени финансиски санкции поради учество во војната и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС.
Имиња на 15 мажи на возраст од околу 30 години кои ја напуштиле државата за да се приклучат кон терористичката организација „Исламска држава“ во војната во Сирија за прв пат се најдоа на листа која ја објави владата во Службен весник и на веб страницата на Управата за финансиско разунавање. Станува збор за лица по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга и заминале од земјава во 2014-та и 2015-та година.
Се проценува дека од земјава досега на странските боишта заминале над 156 лица, а се вратиле 83. На дел од нив им се изречени затворски казни.
