Русија-Украина

Путин нареди нуклеарната централа Запорожје да се стави под руска контрола

05.10.2022 21:10

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој и се наложува на руската влада формално да ја преземе контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје и да ја претвори во „федерална сопственост“. Декретот доаѓа во време кога шефот на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој и се наложува на руската влада формално да ја преземе контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје и да ја претвори во „федерална сопственост“. Нуклеарната централа, најголемата во Европа, е под контрола на руските сили, но до сега таму работеше украински персонал.

„Владата на Руската Федерација мора да обезбеди нуклеарните постројки на нуклеарната централа Запорожје и другите средства неопходни за спроведување на нејзините активности да бидат прифатени во сопственост на Руската Федерација“, се вели во документот.

Претходно рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин изјавија дека нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија.

„Нуклеарната централа Запорожје сега се наоѓа на територијата на Руската Федерација и, соодветно, мора да работи под надзор на нашите надлежни оддели“, посочи Вершинин.

Декретот доаѓа во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија, со цел да разговара за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје.