Временска прогноза

Сончево со студено утро и дневни температури до 23 степени

06.10.2022 07:45

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.