Македонија

Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“

06.10.2022 07:49

На армискиот полигон „Криволак“, денеска ќе се реализира Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“ во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ)...

На армискиот полигон „Криволак“, денеска ќе се реализира Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“ во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), каде ќе биде прикажана теренска вежба на која ќе се демонстрираат активности на тактичко ниво од страна на единица од составот на Армијата на Република Северна Македонија, како земја домаќин.

Како што најавија од АРМ, на денот за високи гости ќе присуствуваат заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, претседавачот на иницијативата СЕДМ, военото раководство од Генералштабот и генерали на Армијата на Република Северна Македонија, претставници на Министерствата за одбрана и Вооружените сили на земјите членки на СЕЕБРИГ, воени аташеи и други гости.