Украина
Зеленски: Напредуваме во Херсонската област
06.10.2022 09:02
Украинските сили ослободија уште три града во јужниот дел на регионот Херсон-изјави Зеленски во редовното видеообраќање...

Украинските сили ослободија уште три града во јужниот дел на регионот Херсон-изјави Зеленски во редовното видеообраќање. Според западните експерти Херсонската област е клучот за одредување на натамошниот тек на војната во Украина, која засега оди во правец на пораз на Русија.
Во текот на ноќта нови гранатирања се регистрирани во Запорожје.
Оштетени се и уништени во пожар станбени објекти, но сè уште не се знае дали има жртви. Во Прага денеска се одржува прва средба на Европската политичка заедница, во чијшто фокус ќе се најде токму Украина, како и енергетската криза предизвикана од војната.
