Грција
Најмалку 15 мигранти загинаа во Егејското Море во близина на Лезбос
06.10.2022 09:04
Според крајбрежната служба, акцијата се одвивала под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер...

Најмалку 15 мигранти загинаа, а петмина се спасени откако им потонал чамец во близина на грчкиот остров Лезбос. Според крајбрежната служба, акцијата се одвивала под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер.
На чамецот се превезувале околу 40 лица. Истовремено било пријавена несреќа и во близина на островот Китира. Едрилица со мигранти удрила во карпа, по што службите успеале да спасат 80 лица.
