Македонија

Пораст на бројот на згрижувачки семејства

06.10.2022 12:33

Има пораст на бројот на згрижувачки семејства, но и потреба да се едуцираат и развиваат нови форми за поголема сигурност на децата сместени во вакви средини – велат од детското СОС село. Надлежните уверуваат дека се прават напори да се прошири мрежата и подигне квалитетот. Но останува отворено прашањето што по полнолетството...

И покрај тоа што згрижувачкото семејство е најдобра средина за детето и најблиско до биолошкото семејство, тоа не е доволно, велат од СОС Детско село. Клучно е да се задоволи потребата на детето, но и згрижувачите да се едуцираат и да се следат за да се осигура дека децата се сместени во сигурна средина.

Подигнат е бројот на згрижувачки семејства, вели ресорната министерка Тренчевска.

Ова никаде не оди лесно. На пример во Австрија, само во Виена има 11.000 пријави годишно за загрозување на децата, или 50 илјади во целата држава.

Интензивно се работи на развивање на формите за сместување во згрижувачко семејство, како вонинституционална форма на заштита. Се прават напори да се прошири мрежата, да се подигне квалитетот на постоечките и да се развијат специјализирачки згрижувачки семејства. Останува да се работи на прашањето што по навршување на 18 години на децата и како да се интегрираат во општеството и да се осамостојат во заедницата.

Александра Спировска