„Потребна е плата за живот, а не за преживување“
Енергетската криза ги седна на една маса текстилните работници и работодавачите. Здружението бара повисоки плати, со популистички мерки велат не се решава проблемот. Менаџментот очекува поддршка од Владата за да се справи со високите сметки за струја. Велат потребен им и квалификуван кадар...

Потребна е плата за живот, а не плата за преживување, порачуваат од здружението Гласен Текстилец. Велат покачени се енергенсите, но со популистички мерки не се решава проблемот. Криза имаме веќе 30 години, за развој на текстилната индустрија е потребна стратегија. Лон производството не е опција, потребни се наши брендови.
Од организацијата на работодавци велат дека има најави за затворање на компаниите, но ако Владата обезбеди прифатлива цена на електричната енергија ќе нема големи отпуштања. За полесно да ја пребродат енергетската криза дел од фирмите инвестираат и во фотоволтаици.
На текстилната индустрија и се потребни повисоки стандарди, дигитализација, подобри машини, квалификувани работници. Ако компаниите ги следат овие чекори ќе имаат поголем извоз и ќе продаваат повеќе.
На годинешната Текстилијада истакната потребата за подобрување на работничките права.
Сунчица Николовска
