Обвинителство

На 7 ноември- избор за наследник на Русковска

06.10.2022 13:22

На 7-ми ноември сите обвинители во земјава ќе бираат наследник на суспендираната Русковска. Советот на јавни обвинители распиша оглас на кој ќе се бира шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но ќе се пополнуваат и празни места во повеќе обвинителства...

На 7-ми ноември сите обвинители во земјава ќе бираат наследник на суспендираната Русковска. Советот на јавни обвинители распиша оглас на кој ќе се бира шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но ќе се пополнуваат и празни места во повеќе обвинителства.

Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на најатрактивното обвинителство Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29-ти август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.