Русија пред нови санкции

23.04.2014 12:55

Американскиот државен секретар Џон Кери му се закани на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со нови санкции за Русија доколку не се намалат тензиите во источна Украина. Кери истакнал дека е длабоко загрижен поради недостатокот од позитивни чекори од страна на Русија кон  деескалација на напнатоста.

Американскиот државен секретар Џон Кери му се закани на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со нови санкции за Русија доколку не се намалат тензиите во источна Украина. Кери истакнал дека е длабоко загрижен поради недостатокот од позитивни чекори од страна на Русија кон  деескалација на напнатоста. Меѓудругото побарала од официјална Москва да ги повлече вооружените сили коишто ги зазеле институциите на истокот од Украина и да го предадат оружјето.Во меѓувреме,привремениот украински претседател Турчинов  побара нови антитерористички операции против проруските бунтовници во источниот дел на Украина.