Ковид-19

Нови 55 случаи на коронавирус, нема починати лица

06.10.2022 13:50

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани се 55 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 4, Куманово и Кавадарци – по 2, Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.