Иницијатива за референдум

Левица ги собра потписите, иницијативата за референдум утре во Собранието

06.10.2022 13:59

Левица утре во Собранието ќе ја достави иницијативата за референдум. Собрани се повеќе од 150 иницијални потписи. Првопотпишан е лидерот на партијата Димитар Aпасиев...

Левица утре во Собранието ќе ја достави иницијативата за референдум. Собрани се повеќе од 150 иницијални потписи. Првопотпишан е лидерот на партијата Димитар Aпасиев.

Претходно беше објавено и референдумското прашање- „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16-ти јули 2022 година“. Од партијата не очекуваат проблеми како со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку спикерот Џафери ја одбие, Левица најави целосна блокада на Собранието.