Еколошките друштва со порака пред грејната сезона
И покрај неодамнешното најавување од ресорното министерство дека ќе имаат полабав однос кон зимското аерозагадување поради актуелните состојби најголем дел од еколошките здруженија велат ќе бидат гласни против појавата која на годишно ниво е причина за над 3.500 смртни случаи. Граѓаните кои сè уште не ги добиле огревните дрва пак со став- без топли домови нема ниту здравје...

На прагот сме од грејната сезона која според сите енергетски и економски параметри ќе направи нови непопуларни состојби во зголемената концентрација на штетните ПМ честитки во амбиенталниот воздух. Неповолен факт е и тоа што околу 70 проценти од населението во земјава домовите ги затоплува со огревно дрво, а близу 40-посто од нив сè уште не добиле испорака на нарачаното. Ќе се испорачува и во следниов период, но дрвото со влажност од над 30 проценти продуцира три до четири пати повисоки штетни емисии.
Од битолската Геосфера велат можат да сфатат дека во ваква криза и стопанството и граѓаните ќе гледаат да се снаоѓаат но за нив здравјето е пред сè.
Кај граѓаните изборот помеѓу здравјето и топлиот дом во зависност од економската состојба и во колкава мера огревот е обезбеден.
Ако се има предвид дека мазутот и нафтата ќе бидат користени и од многу стопански субјекти, а сообраќајот ќе го испорача вообичаениот процент на аерозагадување тогаш зимава ќе се имаме уште посилен предизвик против појавата која на годишни ниво е причина за над три и пол илјади смртни случаи.
Стевче Митревски
