Здравство

Нова опрема за Клиниката за радиологија

06.10.2022 15:15

Ковид пандемијата предизвика пролонгирана криза во здравството. Се зголемија листите на чекање бидејќи пациентите не одеа на редовни прегледи, а клиниките и амбулантите работеа со редуциран капацитет, вели Сали. Првиот човек во здравството, решението го гледа во набавка на нови апарати...

Пандемијата со Ковид-19 предизвика пролонгирана криза во здравството. Се зголемија листите на чекање, бидејќи пациентите не одеа на редовни прегледи, а клиниките и амбулантите работеа со редуциран капацитет, вели министерот за здравство Сали. Тој објаснува дека после секој бран од пандемијата, здравствениот систем е соочен со предизвикот да го впие напливот на прегледи, поради што се доцни и со издавање на резултатите. Првиот човек во здравството, решението го гледа во набавка на нови апарати.

Најоптоварената Клиника за радиолошки испитувања битката со напливот на пациенти ќе ја решава и со новиот ангиографски систем вреден 47,2 милиони денари.

За време на летниот период околу 700 пациенти останаа без резултати од анализите, затоа што чекале радиолог да ги види и прочита нивните резултати од магнет и од компјутерска томографија. Надлежните велат бараат решение да се надмине проблемот со недостиг на радиолози и мотивирање на младите лекари за специјализација во оваа гранка.

Анита Димитријевска Велковска