Стопанска комора

Компаниите бараат поддршка за пребродување на кризата, свикан кризниот штаб

06.10.2022 17:15

Доцна е да се чека утре. Стопанската комора го свика кризниот штаб и побара што поскоро да се донесат мерки, зашто состојбата во компаниите е тешка и се заканува отпуштање работници. Најголем е ударот врз фирмите коишто со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар...

Состојбата е тешка, компаниите бараат поддршка за пребродување на кризата. Кризниот штаб на Стопанската комора бара итни мерки пред да биде доцна. Оттаму велат – бизнисмените не сакаат да прават реструктурирање на нивните капацитети, намалување на бројот на вработени и регрутирање на кадар, но мора да се помогне за да се спречи најлошото.

Соочено со тешка енергетска криза, стопанството бара поддршка во сите сектори врз база на пресметките на компаниите. Повикот до Владата е да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за електрична енергија, максимизирање на државното производство на електрична енергија, а вишоците да се понудат на компаниите и да се намали ДДВ-то за електрична енергија.

Комората бара државата да покрива дел од трошоците со што ќе се обезбеди предвидливост, велат од кризниот штаб.

Марија Котовска