Македонија

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Ами Ларсон Џеин

06.10.2022 18:15

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека двете земји се во интегративни процеси, односно Северна Македонија кон Европската Унија а Шведска кон НАТО. Амбасадорката Ларсон Џеин изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја дава на интеграцијата на Шведска во НАТО...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со новата амбасадорка на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ами Ларсон Џеин.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека двете земји се во интегративни процеси, односно Северна Македонија кон Европската Унија а Шведска кон НАТО.

Амбасадорката Ларсон Џеин изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја дава на интеграцијата на Шведска во НАТО.

На состанокот се разговараше за работата и поддршката кон развој што Шведска ги дава во нашата земја, посебно преку SIDA, за што вицепремиерот Битиќи изрази благодарност а амбасадорката Ларсон ја потврди посветеноста и планот за понатамошна соработка во земјава како и целосната поддршка на нејзината земја во сите неопходни процеси на развој и интеграција на Северна Македонија во Европската Унија