Филмски фестивал - Мелбурн

„1000 години сведок на светлината“ со три номинации

06.10.2022 18:48

„Byzanfest“ најголемиот меѓународен православен христијански филмски фестивал годинава ќе се одржи од 27-ми октомври до 6-ти ноември во Мелбурн. На фестивалот учествува јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ кој е номиниран во три категории и тоа: за најдобар документарен филм, најдобар кинематографер и најдобар режисер...

„Byzanfest“ најголемиот меѓународен православен христијански филмски фестивал годинава ќе се одржи од 27-ми октомври до 6-ти ноември во Мелбурн.

На фестивалот учествува јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ кој е номиниран во три категории и тоа: за најдобар документарен филм, најдобар кинематографер и најдобар режисер.

Режисер на овој документарен филм е Илија Ико Каров кој исто така е номиниран за најдобар режисер, заедно со режисерите од програмата на играните филмови.

За првпат во македонската кинематографија независен филмски проект бележи ваков меѓународен успех, а проекцијата на филмот „1000 години сведок на светлината“ ќе биде на 4-ти ноември.

Главна цел на овој фестивал се споделување на православната вера, приказни и култура, како и промовирање на кинематографијата инспирирана од православна вера.