Денеска се отвора бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, најавен масовен протест
Бугарија денеска по „Иван Михајлов“ во Битола, ќе отвори уште еден културен клуб со контроверзно име поврзано со фашизмот – „Цар Борис Трети“ со седиште во Охрид. „Левица“ објави дека организира протест против свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб...

Бугарија денеска по „Иван Михајлов“ во Битола, ќе отвори уште еден културен клуб со контроверзно име поврзано со фашизмот – „Цар Борис Трети“ со седиште во Охрид. „Левица“ објави дека организира протест против свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб.
Здружението-основач го одреди датумот на само четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државен празник 11 Октомври. Клубот се отвора без позитивно мислење од Министерството за правда, а како организатор на денешниот протест се пријави Левица.
