Одбрана

Петровска на безбедносен форум во Црна Гора

07.10.2022 08:11

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора.

Петровска ќе се обрати на панелот „НАТО подготвен за иднината – силен и отпорен“, заедно со заменик премиерот и министер за одбрана на Црна Гора, Рашко Коневиќ, и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ.

На овогодишниот форум ќе бидат опфатени повеќе теми и области кои претставуваат предизвик за регионалната и глобалната безбедност, како војната во Украина и реперкусиите врз Западен Балкан, борбата со дезинформациите, европерспективата на Западен Балкан, одговорноста на агенциите за разузнавање на Западен Балкан, големата геостратешка конкуренција, значењето на сојузот помеѓу Русија и Кина, Отворен Балкан и други.