Иницијатива за референдум
Иницијативата за референдум на Левица денеска кај Џафери
07.10.2022 09:12
Левица денеска во Собранието треба да ја достави иницијативата за референдум. Собрани се повеќе од 150 иницијални потписи. Првопотпишан е лидерот на партијата Димитар Апасиев...

Левица денеска во Собранието треба да ја достави иницијативата за референдум. Собрани се повеќе од 150 иницијални потписи. Првопотпишан е лидерот на партијата Димитар Апасиев.
Претходно беше објавено и референдумското прашање-„дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.
Од партијата не очекуваат проблеми како со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку спикерот Џафери ја одбие, Левица најави целосна блокада на собранието.
