Боб Дилан-промоција на стихови
21 дело на американската икона Боб Дилан, препеани на македонски јазик и срочени во публикација претставени пред велешката јавност. Посебно внимание предизвика неговата социјална ангажираност во поезијата

...„Со една рака високо дигната кон слободната темнина одбележан од позадината на морските бранови бели и песокот од циркуски шатори што се ниша„.....
Вака звучи препевот на дел од поезијата на Боб Дилан на македонски јазик. Од градот кој е лулка на македонската култура започнува промовирањето на Избраните стихови на човекот чиј глас ги содржи криковите на обесправените, омаловажените и угнетените.
„Да го вратиме повторно Боб Дилан да ги направиме на македонски јазик неговите идеи, неговите стифови и неговиот социјален ангажман неговата борба неговите крикови севкупно неговата поетика“, д-р Бошко Ќараџов,-
Ова дело неслучајно се создава во Велес, оти тука Диленовата поезија ја има нишката со рациновите „Бели Мугри“.
„Го направивме тој линк на конекција момеѓу поезијата на дилан и Рацин и можам да кажам дека можеби тоа беше дел од инспирацијата која што не наведе да го преведеме Дилан на македонски јазик“, рече Игор Крајчев,
Секој културен настан е предизвик за велешани, овој посебно бидејки се тееше и говореше за човекот со чиј глас многумина растеа.
„ Добро е што можеме д апренесеме и младите да видат што некогаш било добро“, „мислам дека беше навистина празник и за очи и за уши“, велат анкетираните велешани.
Во 300 промероци е испечатена книгата „Избрани стихови “ од Боб Дилан . Со собраните пари од продажбата организаторите ќе се купат акустрични гитари кои потоа ќе ги доделат на основните училишта.
Дијана Иванова
