Белоруски, руски и украински активисти за права добитници на Нобеловата награда за мир
Доделени Нобеловите награди за мир. Годинашни добитници се Алес Бељацки од Белорусија, како и руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи, соопшти комитетот во Осло...

Доделени Нобеловите награди за мир. Годинашни добитници се Алес Бељацки од Белорусија, како и руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи, соопшти комитетот во Осло.
Норвешкиот Нобелов комитет ја чуваше листата на номинации во строго чувана тајна, а таа вклучуваше 343 имиња, меѓу кои 251 поединец и 92 организации.
Пред прогласувањето на победниците, експертите шпекулираа кој би можел да ја добие оваа година престижната награда, а главен фаворит кај обложувалниците беше украинскиот претседател Володимир Зеленски.
