Прага

Неформален состанок на ЕУ

07.10.2022 12:52

Од Брисел уверуваат оти е обезбедила гас за потребите на Унијата, но се прават напори за ограничување на цената за натамошно зголемување на цената на енергенсот. Втор ден од неформалниот состанок на лидерите на Европската унија во Прага...

ЕУ обезбедила гас од стабилни партнери како Норвешка и САД, но мора да се усогласи за ограничување на цената за да се избегне натамошното поскапување, соопшти претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен на неформалниот состанок на лидерите на Европската унија во Прага. Според неа, резервите се 90 процентно исполнети, што ќе биде доволно за земјите членки по прифатливи цени за домаќинствата и компаниите.

„Разговараме како да ја ограничиме цената на енергијата, како и каде да ги поставиме ограничувањата. Со единствениот пазар на енергенси, сите бизниси ќе имаат шанси да конкурираат со квалитет, а не со трошоци за производство“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседател на Европска комисија.

„Пазарот со нафта досега е контролиран од снабдувачите, и сега сакаме да ја ограничиме цената со зголемување на количините“, изјави Џозеп Борел-висок претставник на ЕУ за надворешна и одбранбена политика.

Европските лидери ги вклучуваат и земјите кандидатки за членство кои се солидаризираа со санкциите кон Русија, да бидат обезбедени со енергенси.

„Имаме земји кандидати кои главно увезуваат енергија, пред сè за електрична енергија по многу високи цени повисоки од оние во Европската унија. Затоа наша должност е да го регулираме внатрешниот пазар и да обезбедиме нивните трошоци за увоз, за да бидат попристапни“, изјави Роберт Голоб, премиер на Словенија.

Конечната одлука за ограничување на цената на енергијата ќе биде донесена на Европскиот совет при крајот на октомври.

Ирина Гелевска