ТИРЗ

Анализа на економските движења во зоните

07.10.2022 13:39

Компаниите кои работат во ТИРЗ зоните добро се справуваат со енергетската криза. Во третиот квартал забележан е раст на увозот и извозот, зголемен и бројот на вработени кој сега изнесува 15.602. Директорот Деспотовски пред новинарите брифираше и за мерките кои ќе им бидат достапни на компании за поставување на фотоволтаици...

И покрај енергетската криза и проблемите со снабдувањето со суровини, компаниите во ТИРЗ бележат добри економски резултати. Во септември извозот достигнал половина милијарда евра, a во првите три квартали од годинава вкупно 2, 8 милијарди евра. Помал раст бележи увозот, зголемен е и бројот на вработени. Тој сега изнесува 15.602. Директорот Деспотовски очекува рекордна година.

Засега не постои проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони, ниту пак најави дека компании ќе ги затворат капацитетите или ќе го намалат бројот на вработените поради растот на цената на струјата, вели Деспотовски. Презентираше мерките за компаниите да ги надминат предизвиците од енергетската криза.

Месецов три компании кои веќе работат во зоните, планираат да ги прошират капацитетите и да инвестираат во нови.

Викторија Милевска