РКЕ
Од полноќ дизелот со нова цена
07.10.2022 13:45
Од полноќ поскапува Дизел горивото за 3 денари по литар, цените на бензините остануваат со непроменета цена, реши Регулаторната комисија за енергетија...

Од полноќ поскапува Дизел горивото за 3 денари по литар, цените на бензините остануваат со непроменета цена, реши Регулаторната комисија за енергетија.
Од полноќ цената на Еуродизел ќе биде 97,5 денари. Еуросупер 95 ќе се продава по 86,5 денари по литар, а на Еуросупер 98 ќе се продава за 89 денари по литар.
Се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 2,5 денари, и сега ќе чини 94,5 денари. Цената на мазутот се зголемува за еден денар и ќе чини 51,3 денари.
