56 нови случаи на Ковид-19, починале 2 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани се 69 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.09 до 25.09.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432.
