Македонија

Во Битола изложба на академик Васко Ташковски

07.10.2022 15:38

По повод октомври, месецот на книгата, во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ напладне беше отворена изложба со дваесет врвни дела на академик Васко Ташковски. Поводот вели, беше дамнешен, а посветата кон ова средно училиште треба трајно да ги чува спомените за битолскиот средношколец од раните 40-ти години на минатиот век...

Некогашниот средношколец на ова училиште денес истакнат академик во домашни и меѓународни рамки Васко Ташковски во библиотеката на битолска горна гимназија се претстави со раритетна изложба од 20-сет дела работени во графика и акварел техника. Неговиот денешен ангажман не дозволи да биде на лице место, но во кусото видеообраќање го откри поводот. Потег кој предизвика многу емоции и радост кај сегашната генерација на педагози и ученици од неговата уметничка порака и посвета.

Иако ова е само една капка од неговото вкупно творештво, секогаш било предизвик да се осознава за неговиот творечки опус, велат повозрасните битолски уметници.

Академик Ташковски, освен на уметничко поле познат е и по тоа што во јавниот сервис создал над 300 сценографски проекти, многу анимирани филмови како и сценографии за различни фестивали

Стевче Митевски