Македонија
Полицијата не регистрирала нарушувања на јавниот ред и мир на протестот во Охрид
07.10.2022 16:38
Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани...

Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Како што соопшти СВР Охрид, полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани.
Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, стои во информацијата на СВР Охрид.
