Eнергетска ефикасност во медицинското училиште во Штип

23.04.2014 14:16

Откако со странски грантови обезбеди заштеда на електричната енергија, Медицинското училиште од Штип спроведува проект за заштеда на водата. Поради овие активности, училиштето е добитник на зеленото знаме што го поседуваат само четири училишта во Македонија

Со 3.000 евра грант од владата на Швајцарија, средното медицинско училиште  од Штип ќе започне порект за заштеда на вода:

„ Ќе ги замениме сите постојни славини во училиштето кои сега се обични со славини на сензор. На овој начин потрошувачката навод аќе ја намалиме за 15 отсто .“ - Драги Илиев, дир. на СОУ „Јане Сандански“ – Штип

Во првата фаза ќе бидат заменети 20 славини, со што  сметката за вода на училиштето од сегашните 200.000 денари, би  требало да се намали на 170.000 денари. 

Дополнително во изминатиот период , како дел од програмите за енергетска ефикасност, средното медицинско од Штип, ја намали портошувачката на струја  за 10 отсто, а на нафта за греење за дури 52 отсто:

„До ова ниво стигнавме со тригодишна работа. Ова подразбира замена на обичните светилки со штедливи и монтирање на регулационен систем на парното.“- Драги Илиев, дир. на СОУ „Јане Сандански“ – Штип

Благодарение на овие активности  средното медицинско училиште е добитник на зелено знаме што во моментов го поседувата само четири средни училишта во државата.

Оливера Жежова