Њујорк

Вонредна состојба против приливот на мигранти

08.10.2022 09:39

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс прогласи вонредна состојба поради приливот на мигранти...

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс прогласи вонредна состојба поради приливот на мигранти. Смета дека е невозможно да им се обезбедат сместување и помош во градот кој се справувал со последиците од Ковид-кризата.

Адамс процени дека до крајот на фискалната година ќе бидат потрошени милијарда долари за поддршка на мигрантите кои пристигнуваат уште од пролетните месеци.

Голем дел од нив зависат од државната помош бидејќи федералниот закон им забранува да се вработат.

Њујорк отвори 42 привремени засолништа, но според Адамс, ресурсите не се доволни.