Од 2008 година исчезна шеќерната репка од македонските полиња
Веќе 14 години на македонските полиња не се произведува шеќерната репка, културата која со преработката во тогашниот единствен преработувачки капацитет од таков вид во земјава битолската шеќерана фабрика 4-ти Ноември во целост ги задоволуваше домашните потреби. Земјоделците и поранешните над триста вработени и денеска со емоции кон тогашниот фамозен закон за приватизација со кој фабриката ја купи бугарска фирма...

Од 2008 година во пролетните сеидбени планови на 4.000 земјоделци исчезна шеќерната репка. Нема ниту коренче од културата која без проблем беше застапена на околу пет илјади хектари, и ги задоволуваше домашните потреби од шеќер. Веќе 14 години земјава во целост е увозно зависна и на годишно ниво за набавка на овој продукт се одлеваат околу 45 милиони евра. И по толку години не стивнуваат емоциите ниту кај земјоделците ниту кај над 300 вработени во тогашниот единствениот преработувачки капацитет од ваков вид.
На почеток на кампањата чекаа и уште 250 сезонски работници. Од преработката се добиваше меласа за потребата на фабриката за квасец и шпиритус и воден и сув резанец кој се користеше за квалитетна храна на кравите и млечноста ја зголемуваше за 40 проценти.
Правилата и плановите на новите бугарските газди ги намалуваа работните места, а за земјоделците и денеска се несфатливи.
Состојби кои доведоа едните да бараат егзистенција во други дејности, а другите земјоделските површини да ги сеат со други култури, а за онаа што им носеше добар приход и квалитетен домашен основен производ и без субвенции и понатаму да раскажуваат.
Стевче Митревски
