Прилеп

Наградена иновација за штедење на водата

08.10.2022 12:11

Петчлен тим на ученици од прилепско средно училиште е награден за иновација за користење на дождовницата при наводнување. Во ерата на штедење на водата која се помалку ја има е повеќе од добредојдено. Не е многу скапо, ама е исплатливо и за земјоделството и за објекти...

Дождовницата ја собираат во резервоари, се филтрира, се додаваат корисни материи и прихрана и преку системот „капка по капка“ го наводнуваат својот овоштарник. Навидум едноставен, тимот од петте ученици од прилепското средно училиште „Орде Чопела“ најдоа начин да ја штедат водата и да ја искористат дождовницата. Инвестицијата е во петте наградни во земјава, не е голема, за половина декар им беа доволни 2 000 евра. Корисна за земјоделските стопанства, но и за објекти.

Петчлениот тим ученици е среќен што се дружеше, работеше и создаваше.

Ова е дел од програмата спроведена со Фондот за иновации и технолошки развој, со УНИЦЕФ и владата на Шведска.

Иновацијата е една од петте наградени во земјава, избрани во конкуренцијата од 80 училишта, од кои десет проекти се поддржани.

Елизабета Митреска