Вакцинирањето е најевтин спас за 25 милиони деца

23.04.2014 14:38

Почнува светската недела за имунизација а поддршка за овој најголем бенефит за човештвото со години дава и милјардерот и Бил Гејтс

Доколку се вакцинираат сите деца во светот до 2020 година, ќе бидат спасени 25 милиони деца. Овие статистички податоци ги објави УНИЦЕФ по повод Светската недела за имунизација што трае од 24 до 30 април. Вакцините се најевтината заштита и спас за многу детски животи, но и за спречување инвалидност и други големи трошоци поврзани со лекување на заболувањата коишто можат да се спречат. 70% од децата во светот кои не се вакцинираат живеат во Конго, Етиопија, Уганда, Нигерија, Јужна Африка, Индија, Индонезија, Ирак, Пакистан и  Филипини. И Бил Гејтс на Твитер го споделил фактот дека само со неколку центи децата се штитат од тешки болести. На пример, вакцината против туберклоза чини 0,07 центи, против хепатитис б 0,16 центи, против дифтерија –тетанус и голема кашлица позната како ДиТеПер чини помалку од 2 цента. Од менингитис заштитата чини половина долар, а оние против сипаници помалу од долар. Фондацијата на Бил Гејтс има за цел елиминирање на заболувањата кои можат да се спречат со вакцинација.

СОЊА СТОЈАНОВСКА