Османи: Отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е провокација
Отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ за Османи е провокација и на штета на бугарската заедница во Македонија. Вели-формирањето здруженија не е во надлежност на МНР. Топката ја префрли во правда...

Името на новоотворениот клуб „Цар Борис трети“ е провокација, и е на штета на бугарската заедница во Македонија – вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Појаснува дека „Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинствата, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост.
Османи нема информации за тоа од каде доаѓаат финансиите за овие здруженија. Додава дека МНР нема никаква надлежност за ова прашање внатре во државата. Во однос на одлуките за избор на имиња кои не само за македонската, туку и за светската јавност, министерот упатува на министерството за правда, и додаде дека за оваа тема се разговарало и во владиниот кабинет.
Османи ја осуди изјавата не неговиот бугарски колега Никола Милков кој рече дека не гледа никаков проблем во отворањето клубови со вакви имиња. „Ја слушав изјавата на Милков, недозволиво е мешање во внатрешните прашања на Република Северна Македонија. Османи се надевал дека тоа ќе му го каже во Прага, но додава дека не успеале да се видат поради сплет на околности. Меѓутоа, вели-ќе се видиме во Берлин на 21-ви октомври каде истото ќе му го пренесам.
Марина Т. Стојанова
