Индија
Се запали автобус во Индија, најмалку 10 лица загинаа
08.10.2022 14:12
Опожарен автобус се судри со камион во западна Индија, при што загинаа над 10 патници. Поради повреди се хоспитализирани 24 лица...

Опожарен автобус се судри со камион во западна Индија, при што загинаа над 10 патници. Поради повреди се хоспитализирани 24 лица.
Возилото целосно изгоре, а причината за пожарот се истражува. На патиштата во Индија годишно гинат стотици илјади луѓе. Поголемиот дел од несреќите се предизвикани од невнимателно возење, лоша инфраструктура и застарени возила.
